
Вежби
ГРАДЕЊЕ ТИМ

Градење тим
Гледај и залепи
Име на вежбата | Гледај и залепи |
Категорија на сет на слики | ☒ 1. Флет (Flat) слики |
Категорија на вежби | ☒ 1. Мразокршач (Icebreaker) |
Фази | ☒ 1. Градење тим (Teambuilding) |
Цели | – Себеспознавање |
Времетраење | ☐ < 10 мин. ☒ 10-20 мин. ☐ 20-30 мин. ☐ 30-40 мин. |
Формат | Група |
Потребни материјали | Постерот со Флет слики (3×3 мрежа од Инстаграм), налепници во боја, 1 боја за партиципант или post-it на кое што ќе го напише своето име. |
Подготовка | Обесете го сетот со Флет слики на ѕид. |
Објаснување чекор-по-чекор | Дајте им на сите учесници 1 налепница во своја боја или post-it (и побарајте од нив да го напишат своето име). Замолете ги да ја погледнат матрицата на сликите од Инстаграм пред нив. Поканете ги да ги залепат своите налепници / post-it на сетот слики што најмногу им се допаѓа. Откако ќе го направат својот избор, поставете им ги следниве прашања, еден по еден. Побарајте од остатокот од групата да слуша и да се воздржи од коментар. – Зошто го одбравте овој сет? Потоа, отворете дискусија, користејќи ги следниве прашања: – Дали има некои сетови со повеќе налепници со различни бои? |
Завршница | Преиспитајте и размислете за вежбата прашувајќи ги учесниците како ја искусиле оваа вежба и што забележале. Заблагодарете им се на учесниците што беа отворени едни кон други и предизвикајте ги да ја задржат оваа отвореност или да се отворат уште повеќе во вежбите што следат. |
Совети за фацилитатор
| – Видете каква групна динамика се ствара во групата и забележете дали има доволна безбедност и еднаквост. Ако не, размислете за некои други вежби за градење на тим и доверба. |

Градење тим
Медиуми и сцена
Име на вежбата | Медиуми и сцена |
Категорија на сет на слики | ☐ 1. Флет (Flat) слики |
Категорија на вежби | ☐ 1. Мразокршач (Icebreaker) |
Фази | ☒ 1. Градење тим (Teambuilding) |
Цели | – Охрабрување на креативно мислење |
Времетраење | ☐ < 10 мин. ☐ 10-20 мин. ☒ 20-30 мин. ☐ 30-40 мин. |
Формат | Група |
Потребни материјали | Сет од слики од медиуми |
Подготовка | |
Објаснување чекор-по-чекор | Ставете ги учесниците во круг. Еден/-а учесник/-чка стои пред нив. Покажете му/ѝ на учесникот/-чката една слика за време од 10 секунди. Замолете го/ја да постави на сцена што мисли дека видел/-а, користејќи ги другите учесници, како режисер. Тој/таа може да зборува и да објасни мали нешта, но да не кажува која слика има во мислите. Откако учесникот ќе покаже како тој/таа ја толкува сликата, ги прашувате другите учесници што мислат дека е на сликата. Дозволете им да објаснат како дојдоа до одреден заклучок. Нека биде дискусијата кратка (нека зборуваат максимум четири други учесници). |
Завршница | Завршете ја вежбата прашувајќи ги учесниците дали им се допадна и поканете ги да анализираат што се случи. Посочете им дека една слика може да има многу интерпретации. |
Совети за фацилитатор
| – Бидејќи оваа вежба содржи алатки што се користат во театарска обука, им дава можност на учесниците да се навикнат и на театарот. |