Login

Lost your password?
Don't have an account? Sign Up
heading

PICTURE
YOUR
STORY

ПРОЕКТОТ

Како можете да соберете млади од различни позадини и со различни идентитети, кои живеат заедно во ист град или област? Како можете да создадете меѓусебно разбирање во поларизирани заедници?

Сликај ја твојата приказна (PicS) може да ви даде одговори. Нашиот пакет алатки што се состои од комбинација на слики и вежби за раскажување приказни ќе ви помогне да ги поврзете младите со различно потекло, идентитет или идеи и да создадете основа за решавање на конфликтите што произлегуваат од нивните разлики (и сличности).

Овој PicS сет алатки е развиен и тестиран од страна на конзорциум на европски организации, кои носат своја експертиза, гарантирајќи висок квалитет и иновативен метод за работа со млади, борба против поларизација и промовирање на силни, полни со почит и издржливи заедници.

Покрај алатките, можете да најдете детални информации за проектот и некои теми што ги проучувавме и користевме за да го изградиме овој метод.

Сликај ја твојата приказна е проект на Storytelling Centre (Холандија), Здружение на млади Инфо фронт – Прилеп (С. Македонија), SMK University of Applied Social Sciences (Литванија), Seiklejate Venneskond (Естонија), Asociación Cultural por la investigación y el desarrollo independiente del teatro profesional en Andalucía (Шпанија) and the Amsterdam University of Applied Sciences (Холандија), во соработка со Едвард Јансен (Холандија).